Мрежата на македонската дипломатија се шири кон земји во Азија, па така во парламентот беа претставени двајца нови амбасадори. Тие ќе ја претставуваат Македонија во Казахстан, односно во Обединетите Арапски Емирати.
Првиот македонски амбасадор во казахстанскиот град Астана ќе биде Илија Псалтиров кој има кратко работно искуство во МНР, а инаку е доктор по економски науки и со магистратура од Европскиот колеџ во Варшава.
Тој на јавноста и е познат како пејач, а својата музичка кариера ја започна во 1997 година со настапот на Скопскиот фестивал со песната „Во одаите на мојата душа“.