Пејачот Илија Псалтиров – прв амбасадор на Македонија во Казахстан


Мрежата на македонската дипломатија се шири кон земји во Азија, па така во парламентот беа претставени двајца нови амбасадори. Тие ќе ја претставуваат Македонија во Казахстан, односно во Обединетите Арапски Емирати.ilija psaltirov

Првиот македонски амбасадор во казахстанскиот град Астана ќе биде Илија Псалтиров кој има кратко работно искуство во МНР, а инаку е доктор по економски науки и со магистратура од Европскиот колеџ во Варшава.

Тој на јавноста и е познат како пејач, а својата музичка кариера ја започна во 1997 година со настапот на Скопскиот фестивал со песната „Во одаите на мојата душа“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1