Пекара каде профитот не е битен – прават„леб со душа”


leb-630x420

Во пекарата „Lenep“ лица со посебни потреби учат заедно како да месат, печат и да продаваат леб. Профитот во оваа пекара и кафуле не е важен, важно е секојдневното дружење и соживот на болните и здравите луѓе.

Сузан Џекобејт внимателно прави салати, сендвичи и истовремено гостите од пекарата ги служи со кафе и колачи.

Работата во пекара, како што вели оваа 32- годишна жена ја прави многу радосна и задоволна. Последните три години, Сузан живее во Дом за лица со ментални нарушувања во Аугуста Харт во Ленепу четвртиот западногерманскиот град на Ремшајд.

Сузан отворено говори за својата болест, дека и е дијагностициран бордерлајн синдром, еден вид на растројство на личноста.

leb1-630x418

Зема лекови и е среќна што нејзината болест не се забележува.

И кај другите работници- кои се болни не се забележливи здравствени проблеми.

Пекарницата е дел од институцијата, која е формирана од страна на протестантската црква. Стручниот кадар, пекарите, слаткарите и трговците на мало на прв поглед не се разликуваат од пациентите.

Сузан смета дека тоа помага да се отстранат некои предрасуди против душевно болните луѓе.

Необичната пекара привлекува луѓето со позитивна енергија.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1