Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево пендаровски, ја прифати поканата за противкандидатот Гордана Силјановска за Тв дуел.
-Се разбира дека ќе има дуел, помина времето на Груевски кој 11 години одбиваше дуели. Јас учествував во таков дуел и пред 5 години, нема причина сега да одбијам. Но, тоа ќе се случи во рамки на кампањата која почнува од први април, изјави Пендаровски за „Фокус“ откако Силјановска викендов со чаша вино го повика на ТВ соочување.