Пензионери во стар сандак чувале пченка за кокошките, не знаеле дека вреди богатство (Видео)


Сандак од луксузниот француски бренд „Луј Витон“, стар 150 години, бил пронајден кај стар украински пар кој во него чувал пченка за кокошките не знаејќи ја неговата вредност.

Александар и Александра Сохраниќ не можеле ни да претпостават каков историски артефакт чуваат во домот. Сепак, го сочувале затоа што со години им служел за чување на разни работи. Се верува дека овој сандак припаѓал на некогашно кралско семејство.

Украинските пензионери со години го преместувале додека еден ден нивни роднини не ги просветлил. Тие двајца прво не размислувале да го продадат, туку веднаш го однеле во локалниот етнографски музеј.

Директорот на музејот Максим Булат раскажал дека ја проверил автентичноста на сандакот во бутикот на овој бренд. Тогаш дознал дека сандакот веројатно е произведен во почетокот на 1880 година и дека може да чини најмалку 11.000 долари. Тоа била огромна сума на пари за пензионерите, но артефактот може да донесе уште повеќе пари на аукција, со оглед на тоа дека зад себе може да има прилично возбудлива историја. Некои сандаци од тој бренд на аукција се продавале за повеќе од 100.000 долари.

Бурах верува дека овој сандак испаднал од рускиот царски воз кој на подрачјето на Украина излетал од шините во 1888 година. Во несреќата загинале околу 30 луѓе, додека наводно царот Александар Трети го придржал кровот на кочијата и овомзожил неговото смеејство да избега. Тогаш успеале и да го спасат сандакот. Меѓутоа, ова е само едно од можните сценарија. Снадакот исто така како трофеј можел да го донесе дома војник од Советската војска кој ја ослободил Европа од нацистите во Втората светска војна.

Додека чекаат на аукција и пари од стариот сандак, Александар и Александра го замениле со лимен лонец кој исто така добро ја чува храната на нивните птици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1