Пензионерите бараат секој ден бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП, објави „Вест“.
Според весникот тие тврдат дека така нема да има гужви само во деновите кога има слободен превоз и ќе се растеретат автобусите, зошто пензионерите секој ден ќе може да одат каде сакаат и нема да го чекаат бесплатниот ден.
Тие на градоначалникот Коце Трајановски му предложиле да дадaт скромни средства на сметката на ЈСП.
,, така да му помогнеме на Градот за евентуалното ново одвојување средства за наше секојдневно возење,, – изјавува за „Вест“ Крсте Ангеловски, претседател на Сојузот на пензионери на Град Скопје.
Во ЈСП и во град Скопје велат дека сеуште не добиле официјално барање но дека ќе го разгледаат предлогот.
Извор – Вест