Студентите ќе скијат по пониски цени на планината Бистра во Куманово најави министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Студентите ќе треба да понесат студентска легитимација или индекс за легитимирање со што ќе може да набават ски-карта која ќе чини 30% помалку од обичните карти. Цената на картите ќе се движи 800 или 650 денари, зависно од сезоната.
Поевтинувањето на картите е на иницијатива на управителот на ски-центарот „Заре Лазаревски“, Огњан Циговски, кој информираше дека покрај студентите и лицата над 65 години тука ќе може да скијаат бесплатно.