Перо Антиќ пуштен без кауција – но ќе му се суди


Прославениот македонски кошаркар Перо Антиќ повторно е на слобода, откако неколку часа помина во една полициска станица во Њујорк. Тој беше притворен по инцидентот во ноќен клуб во Големото јаболко, каде со соиграчите од Атланта хоукс се забавувале по рекордната победа врз Феникс Санс. antic

Според американските медиуми, по вербална расправија во клубот, извесен Шизој Блири со нож ги нападнал и тешко ги повредил иргачот на Индијана Крис Коупленд  и неговата сопруга. Со повреди случајно се здобила уште една жена која била во друштво на насилникот. Повредените не се во животна опасност а напаѓачот Блири е уапсен.
 Македонскиот НБА центар Антиќ кој заедно со својот колега од Атланта Табо Сефолоша биле присутни, не сакале да си заминат од местото и наводно ја попречувале полициската истрага, поради што со лисици на рацете биле пренесени во станица. Инцидентот се случил околу четири часа по полноќ а Антиќ и Сефолоша биле пуштени на слобода околу седум часот изутрината. Се уште не е јасно дали двајцата ќе настапат за Јастребите од Атланта во дуелот со Бруклин Нетс. Останува и да се види дали против нив ќе биде покренато обвинение од американското правосудство и дали и какви санкции ќе им бидат изречени од менаџерскиот тим на Атланта.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1