Пет глупави причини поради кои буквално би можеле да го загубите разумот


Ако сте мислеле дека за менталната болест виновни се генетски фактори, овие податоци ќе ве разубедат.


5. Месецот во кој сте родени
Неколку студии успеале да докажат дека месецот во кој што сте родени, може да влијае на развојот на некои ментални болести. Дури може да се поврзе која болест ја има најмногу, кај луѓе родени во одреден месец. Така на пример, ако сте родени во јануари, добра шанса има да страдате од шизофренија, или пак биполарно растројство, а луѓето родени во пролетните месеци најмногу се склони на депресија. Студиите одат дотаму што постојат докази дека луѓето родени во пролет, имаат 18% шанса да извршат самоубиство.

2. Животот на големи надморски височини

Жителите кои живеат во земји на повисоки надморски височини, имаат поголеми шансите да бидат зависни од алкохол, дрога, а исто така и да поседуваат оружје.

Во девет американски држави, кои се наоѓаат на поголема надморска височина, забележано е дека е зголемена стапката на самоубиства.

Слична е ситуацијата и во Јужна Кореја. Засега не е утврдено зошто е тоа така, но голем број на луѓе претпоставуваат дека тоа се случува поради недостатокот на кислород на поголеми надморски височини.

4. Возраста на вашиот татко

Познато е дека на децата влијае она што нивната мајка го прави во периодот на бременоста, но за некои проблеми би можеле да бидат одговорни и татковците. Студија спроведена во Исланд, покажала зошто родителите кои немаат ментални болести, добиле деца со аутизам или шизофренија. Се покажало дека ризикот за заболување на децата расте паралелно со возраста на таткото и затоа децата со постар татко, често заболуваат од аутизам или пак шизофренија. Причина за тоа е начинот на кој се создаваат во спермата. Тие на некој начин се копираат и секоја копија е малку полоша од претходната, односно има поголеми шанси за мутација.

2. Високите температури и сончевата светлина

И покрај тоа што зимската депресија е позната како нешто од кое што страдаат голем број на луѓе, постои нешто што се нарекува и летна депресија.

Постојат денови кога е премногу топло и голем број на луѓе не излегуваат надвор, а поради паѓањето во депресија, понекогаш не стануваат ниту од кревет.

Според лекарите, постои логично објаснување.

Високите температури ги намалуваат хормоните на тироидната жлезда, нешто поради кое што човекот го прави летаргичен.

Исто така, топлината го стимулира хормонот пролактин, кој ги блокира ефектите на допаминот – супстанца која нашето тело ја излачува во период кога уживаме.

1. Вашата исхрана

И покрај верувањето дека свежата риба не може да донесе никакви негативни ефекти врз нашето тело, се покажало дека и не е баш така. Конзумирањето на големи количини на риба е поврзано со развојот на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

Тоа главно се однесува на риби кои што се уловени на отворено море, каде што има високо ниво на отровни имиња BMAA, генерирани како производ на цијанобактерии (алги кои живеат во океаните).

Но, тоа не значи дека треба да се упатите во најблискиот ресторан за да конзумирате брза храна. Масната и блага исхрана ги собираат огромното ниво на инсулин, до точка, до која мозокот нема да реагира на него И кога мозокот нема да може да одговори на инсулинот, не може ниту да регистрира некое сеќавање, што претставува прв знак на деменција. Слатката храна може да доведе до шизофренија и депресија.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1