Од кога на сила стапи новиот закон за заштита на правата на корисниците на финансиските услуги, самоволието на банките кога станува збор за „скриените трошоци“ и „ситните фонтови“ на крајот на договор во најголем дел е ограничен. Сепак некои банки „паѓаат“ на ситните трошоци, кои кога ќе се соберат за нив значат огромен прилив на пари.
Банката може да го зголеми надоместокот за одржување на тековната сметка и без известување на клиентот. Тие го истакнуваат известувањето во филијалите, па доколку клиентот се сети да погледне, тогаш ќе знае дека плаќа повеќе. Од гледна точка на банката, клиентот е известен. Иако се работи за износи кои достигаат од 10 до 50 денари месечно, банките имаат милиони такви трансакции и за нив тоа е огромна заработувачка.
Трошоците од банкомат
Кога повлекувате пари од банкомат преку кои примате пата, постои можност да бидете известени, доколку провизијата „благо“ порасне. Но, ако користите картичка на други банкомати, тешко дека ќе добиете информација за тоа колку навистина тоа ќе ве чини. Од 33 банки, колку што во Србија работат, сите различни банки имаат различни такси.
Состојбата на сметката
Испраќањето на извештаите на банката може да се тарифира, да речеме, од околу 160 денари месечно. Сепак, некои биле во можност да го наплатат тој производ на хартија 50 денари. Доколку клиентот бара изјава за тоа колку е прометот на неговата сметка, што е обично потребно за да добие виза, оваа услуга од банката може да чини од 2000 до 3000 денари.
Го плаќате СМС известувањето
Интернет банкарството и услугите преку мобилен телефон, беше неодамна воведено во банките. На почетокот понудиле промотивен период кога оваа услуга не се наплаќала. Многумина ја активирале услугата само за да видат како тоа изгледа, но никогаш не ја користеле. Банките по истекот на промо периодот, на луѓето продолжиле да им наплаќаат месечна провизија од 50 до 100 денари.
Некои банки може да го зголемат пречекорувањето на сметката, и без известување на клиентот. Иако ова е добра работа за клиентот, затоа што има можност повеќе да се задолжи, ако не е известен може да западне во долг кој што не го планирал. Каматите на користењето на дозволен минус се и до 40%, додека за недозволен минус се наплаќа камата и до неверојатни 98 %