Пет воза со мигранти вчера од Гевгелија заминале кон Табановце


Од железничката станица во Гевгелија кон Табановце вчера се упатиле три редовни  и два вонредни воза со мигранти.

Возовите, како што истакнуваат вработените во Железничката станица имаат капацитет за превезување од 100 до 700 лица.pruga voz 6

Според очевидци, вчера полицијата, контролирано, во неколку наврати пуштала по 200-300 мигранти кои од дивиот премин на македонско-грчката граница се упатувале кон железничката станица во Гевгелија, а оттаму патот го продолжуваат кон граничкиот премин Табановце и македонско-српската граница.

Припадници на АРМ синоќа поставија дополнителна заштитна ограда. Мигрантите на неколкупати се обидоа да ја преминат граничната линија, но беа спречени од полицискиот безбедносен кордон кој беше поставен. Со помош на претставниците на УНХЦР и преведувачите на арапски јазик на мигрантите им беше посочено дека треба да преспијат таму каде што се, и дека денеска изутрина ќе бидат пропуштени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1