Србија и Македонија не може да бидат оставени сами да се справуваат со бегалците


Портпаролот на УНХЦР Мелиса Флеминг ја повика денеска Европа да најде решение за бегалската криза истакнувајќи дека Србија и Македонија „не може да бидат оставени сами да се справуваат со толку голем број бегалци“.migranti33

Флеминг ја критикуваше одлуката на Македонија да ги затвори границите за минување на мигранти.

– Тоа се бегалци кои бараат заштита и не смеат во тоа да се запираат, изјави Флеминг.

Европската комисија денеска соопшти дека Скопје има право да се штити од илегална миграција.

– Македонија има право во согласност со меѓународни закони да врши контрола на лица кои сакаат да влезат на нејзина територија и да забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите, соопшти прес службата на европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, јави Танјуг

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1