Петмина уапсени за обид за убиство врз Зијадин Села


Јавното обвинителство денеска извести дека за постапката што се води во Основното јавно обвинителство во Скопје за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април и нападот врз Зијадин Села, надлежен јавен обвинител донесе наредба за проширување на истрага за уште пет лица за сторено кривично дело убиство во обид сторено во соизвршителство, од чл.123 во врска со чл. 19 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

„Петте лица, по барање на надлежен јавен обвинител се лишени од слобода при вршење на претрес во нивните домови. Во текот на денот Обвинителството ќе презема дејствија за утврдување на факти и спрема останати лица“ извести ОЈО.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1