Луѓето што ставаат две или повеќе лажички шеќер во кафето, веројатно се посиромашни од оние што ставаат помалку, открива истражување.
Истражувањето спроведено од списанието “The Grocer” ги споредува пиењето чај и кафе со различните социо-економски групации и открива дека повеќе од една третина (36%) од оние со пониски приходи, ставаат шеќер во кафето или чајот, додека истото го прават само 26% од оние што имаат солидна плата.
Оние што ставаат две или повеќе лажички, ги има 9% од богатите, а 19% од сиромашните. Интересно истражување, во секој случај.
Како вие би го поврзале ова со сиромаштијата доколку е навистина така?