Пијан возач свртел 911 – сам се пријавил дека вози пијан


Четириесет и седум годишен човек од Такома, Вашингтон, по грешка двапати свртел 911 со што придонел за негово апсење, поради возење на возило во пијана состојба.


Полицијата засега не го објавува неговото име, се додека бе биде обвинет, но велат дека бил бездомник.
Првиот повик бил направен во 11:30 попладне во вторникот. Полицијата вели дека диспечерката слушнала женски врисок и дека обвинетиот и викнал да престане. Според нив повикот бил следен на улицата каде што офицерите забележале како возилото минува на црвено светло.

Полицијата се обидела да му го пресече патот на возилот. Возачот веднаш застанал, а жената која се наоѓала позади излегла вриштејќи. Мажот веднаш потоа дал гас, а по него се впуштила полициска потера. Полицијата потоа вели дека човекот ја оставил колата по што морале да го бркаат пешки по уличките, но кучињата со кои што се впуштиле во потера не успеале да му влезат во трага. По проверката на возилото полицијата утвдила дека возилото и припаѓало на жена која што откако телефонски ја контактирале изјавила дека немала поим што се случува.

За изненадување околу 7 часот сабајлето во средата обвинетиот уште еднаш со истиот мобилен телефон повторно свртел 911. Полицијата му влегла во траг, а кога пристигнала ја видела двојката во алкохолизирана состојба и веднаш сватила дека станува збор за жената која што истрчала од возилото претходниот ден и човекот кој што потоа побегнал со истото возило. И двајцата биле уапсени, а полицијата соопшти дека човекот не знаел дека неговиот телефон претходно бил поврзан со службата за итни интервенции, и дека истиот му бил активен само да може да бира броеви за итни случаеви.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1