Пилотот вежбал слетување на 5 писти во Индискиот океан, една американска – Виден е над Малдиви


Жител од островот Малдиви тврди дека предминатата сабота го видел исчезнатиот малезиски авион! „Никогаш не сум видел толкав голем авион, да лета толку ниско над нашиот остров.

malezija-boing-777-1395097252-463993Беше голем како џамбо џет, со бела боја, со црвени пруги, тврди жителот од Малдиви. Тој како и уште неколку десетини луѓе наводно предминатата сабота околу 6:15 часот здогледал голем авион, за кој се сомнева дека би можел да биде исчезнатиот „боинг 777“.

Тоа е најновата теорија во истрагата на мистериозното исчезнување на авионот со уште 239 луѓе. Службени потврди сеуште нема, но малезиските истражувачи објавија дека на симулаторот кој се нашол во домот на капетанот Захарие Ахмад Шаха, откриле како тој се обидел да слета на пет писти во Индискиот океан.

Една е на островот Диего Гарсија, три во Индија и Шри Ланка, а една во Молдавија“, – објавиле истражителите и така дополнително дале на тежина на наводното сведоштво за Малдиви, за кој се уште нема потврда од контрола на летот за можноста за ниско летање на авион.

Инаку потрагата се проширила и на јужниот дел од Индискот океан, а семејствата на исчезнатите патници во Пекинг најавиле штрајк со глад. Им замеруваат на малезиските власти дека не им даваат доволно информации.

„Ова повеќе нема никаква смисла. Уверени сме дека нешто знаат, а не сакаат да ни кажат. Некој од нас штрајкуваат со глад“, рекол еден од роднините на исчезнатите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1