Пилотот во последните секунди се предомислил – откриле дека пробал да го крене авионот


Пред падот на авионот на германската компанија Germanwings вториот пилот Андеарс Лубиц  се обидел да го подигне  авионот.  Ова било  93 секунди пред фаталниот удар на машината во карпите.
avion german wings
Ова го тврди извештај на Француското биро за истраги на авиокатастрофи (ВЕА), цитиран од “Билд”.Според експертите вториот пилот се обидел да го измени рачно курсот на авионот, но автоматски тој продолжил да понира  и Ербасот  се урнал.
Дали западнал во паника, или сакал да спречи катастрофата? Ако сакал да го прекине контролиранаото  паѓање, тоа е можно само ако се обидел да ја преземе контролирата врз  машината и да ја извади од падот, пред да се врати првиот пилот. Во извештајот се вели:
“Една минута и 32 секунди пред разбивањето на авионот црната кутија запишала потези од пилотот во кабината за 30 секунди да  го запре падот и да ја врати машината кон издигнување. Но неговите напори не довеле  до исклучувањето на Функција автоматика  и авионот се урнал

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1