Деведесет писма и разгледници биле напишани токму пред Божик 1941 година, но пратката ја ограбила група момчиња од движењето на отпорот во местото Сент Елијер, на островот недалеку од крајбрежјето на Франција. Писмата потоа биле сокриени во еден семеен клавир кај еден од момците.
Маж, кој сакал да остане анонимен, пред пет години ги предал писмата во локалната архива, а потоа почнал спориот процес на достава на поштата на наведената адреса.
Локалната поштенска служба стапила во контакт со германската пошта, која пронашла десет од семејствата поврзани со оригиналните примачи. Неколку писма конечно биле испорачани.
Германските војници во тоа време го пречекувале својот втор Божик на островот, па некои од нив пишувале колку многу им недостасува домот и семејството.
– Ви посакувам на сите среќен Божик и се најубаво во Новата Година. Но најмногу од се се надевам дека војната набрзо ќе заврши и сите да можеме повторно да уживаме во животот, напишал еден војник.
Нацистите го држеле под окупација островот во оваа област од 1940 до 1945 година. Островите не се формален дел од Британија и имаат сопствен законски, финансиски и судски систем, но ја признаваат британската круна.