Емотивно: Му приредил на бездомник симболична роденденска забава – Видео


sirakСирак, кој веројатно не се ни сеќава кога последен пат некој му запеал среќен роденден и да добие поклон, не можел да си дојде при себе од среќа.

Фотографот Емилио Апарацио Родригез бездомничката Андреа Чапаро ја запознал пред неколку години на улиците на Каракаса. За жал не наведува како се зближиле, но тоа за оваа приказна и не е толку важно. Најважно е што не заборавил на нејзиниот 47ми роденден.

Тоа утро купил конфети, роденденска капа, синџирче и крофна која послужила како торта. И подарил и фотографија на која била фотографирана со нејзиното куче Лулу.

Андреа и со ова била пресреќна, меѓутоа Родригез не застанал тука. Ги замолил случајните минувачи да и запеат „Среќен роденден“ што насобраната толпа со задоволство го направила.

Погледнете колку овие моменти и значеа и што значи за неа да е во центарот на вниманието меѓу случајните минувачи кои обично поминуваат покрај неа и ретко кој и пуштал по некоја железна паричка.

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1