Чудно: Индиец живее на дрво бидејќи го измамила жената


indiecЕден индиец девет месеци живее на дрво и одбива да се симне од него бидејќи чекал извинување од неговата сопруга која ја затекнал во кревет со друг маж.

Човекот, познат како Санџеј (25) кој живее во близина на Варанасиј на северот од Индија, се качил на дрво во март оваа година откако ја затекнал својата сопруга во компромитирачка поза со комшијата во нивниот дом во Бомбај, пренесува британскиот „Телеграф“.

Откако жената одбила да му се извини и инсистирала тој да се врати дома, момчето се качило на дрво и се уште е таму.

Неговата мајка, Кушма Деви им рекла на локалните медиуми дека тој се обидел да се убие откако неговите роднини се обиделе да го симнат.

– Тој јаде и спие на дрво, а дури таму и се нужда. Постојано одиме кај него и гледаме дали нешто му треба, изјавила мајката.

Портпаролот на локалната полиција рекол дека човекот не направил ништо лошо и дека полицијата нема да интервенита. Неговата жена се вратила кај своите родители и ги одбива молбите на семејството на мажот да му се врати.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1