Писмо пред прочка од таткото на Aнамарија: Извини ќерко, прости ми, јас не успеав да те сочувам


Еве помина цела година и не се случи ама баш ништо. Освен, што нашата Анамарија е два метра под земја, над земјата и натаму слободно се шетаат многумина кои рацете им се целите во крв, а нив ни мува не ги лази.timthumb-6-620x400

Грижа на совест… тоа е за обичните луѓе…. за нас. Повеќето од оние кои се дел од здравствениот или судскиот систем се оперирани од оваа болест. Нивниот имунитет е толку многу силен, што остава впечаток дека најдобро во нашава државава е да си лекар. Што и да направиш се ти се простува….си сакал да помогнеш. И, ако интервенираш и ако не интервенираш (и ако си пијан, и ако незнаеш) се е оправдано, се е медицински издржано, се е според протоколот. Само, едно не ни е јасно, во кој протокол пишува дека во болница се умира за неколку часа и тоа од обична настинка. Ние сме само обични луѓе, кои се трудат логично да ги поврзат сликите …..акција-реакција, причина –последица, но некако не ни оди… Повеќе од 12 години, речиси и не знаевме што се тоа доктори, а еднаш кога ни притребаа сфативме дека повеќе никогаш нема да ни требаат.

Некои грешки никогаш не се поправаат. Нашата Анамарија, првпат на нозе ја однесовме на Клиника…. и не ја вративме ….. за два-три часа ја препратија во Бутел. Се било според протоколите, лекарите постапиле супер, ама таква е медицината се е можно дури и смртта за неколку часа е нормална (и особено честа) во Македонија. И, никој ништо не им може…ни правдата, ни фелата, ни државата.  Констатираа се било во ред (и тоа што за еден час со инфузија и го качија шеќерот до бесвест и тоа што не повикаа стручна помош и тоа што на своја рака и дадоа албумини и тоа што не обезбедија задолжително присуство на анестезиолог и што ја реанимираат без електро шокови и што не ја направија обдукцијата задолжителна ако пациент им почине 24 часа по приемот…. ). Ама така е тоа, како вели народот кадија те тужи – кадија те суди.

И, ние роднините да си формираме една таква независна комисија досега ќе ги осудевме. Вака западнавме во судските лавиринти, а оттаму чиниш нема излез. Нема ни движење, во болница некако брзо те решаваат…. за неколку часа добиваш гробна парцела, ама до Идризово е многу потешко. Дадовме изјави пред јавен обвинител и толку. Во државата има и поважни работи од смртта на едно дете. Ние ја направивме грешката и скапо ја плативме… Ја однесовме нашата прва рожба на Клиниката за инфективни болести и веќе никогаш не ја видовме….. Од тој кобен јануарски ден (29.01 2015) сонот си замина од нашиот дом. Всушност и ние умираме секоја вечер, но наутро повторно се раѓаме со мислата што направивме, каде ја однесовме, зошто згрешивме…никако не можеме да си простиме што поверувавме дека во државава постои јавно здравство (дотолку, повеќе што можевме да си дозволиме и приватна болница)

текстот во целост прочитајте го тука

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1