Авганистан веќе долги години е главен произведувач на опиум, во главно хероин, а од пред неколку години станал и лидер во производството на канабис.
Во оваа земја годишно се одгледуваат од 10.000 до 24.000 хектари канабис чии посеви се простираат во 17 од вкупно 34 провинции.
Како и опиумот, и канабисот се одгледува во јужните делови на земјата, а голем број од произведувачите ги одгледуваат и двете билки. Марихуаната е три пати поевтино да се одгледа отколку опиумот, а добивката е значително поголема, поради што канабисот е бизнис во растење во оваа земја.
Tocka.mk