Касандра Лин Хенсли (34), зајачица на „Плејбој“, е пронајдена мртва во станот на нејзиниот пријател. Таа била мртва кога нејзиниот пријател во средата дошол во својот стан во Лос Анџелес, каде што ја пронашол неподвижна во кадата. Касандра наводно умрела во вторникот.
Касандра, која била Мис на „Плејбој“ за февруари 2006 година, извесно време живеела со Хју Хефнер во палатата „Плејбој“. Таа во последно време живеела во Вирџинија, а во Лос Анџелес била кај пријателот.
Поранешната зајачица на „Плејбој“ се предозирала од дрога. Иако нема траги на насилство, полицијата сѐ уште истражува во какви околности починала.
Касандра потекнува од Салт Лејк Сити во сојузната држава Јута. Со манекенство почнала да се занимава за да си го плати школувањето. По својата кариера во „Плејбој“, позирала за бројни други магазини, учествувала во разни шоуа и ги советувала младите девојки како да успеат во светот на манекенството.
Таа неодамна била прогласена за „Ангел на месецот“ на магазинот „Метрополис најтс“.