Жителите на Крива Паланка се уште еднаш шокирани од самоволието на таткото на градот, градоначалникот Арсенчо Алексовски. Новиот плоштад Карпошово востание, изграден од парите на граѓаните, градоначалникот го закитил со табла на која испишал кои се архитектите на идејното решение на плоштадот, не но само тоа.Тој на таблата наредил да се напише дека плоштадот е изграден во време кога е тој градоначалник.
-Па ова е веќе безобразие – вели нашиот читател од Крива паланка кој ни испрати и фотографија. Плоштадот е од наши пари, се потпишува тој што го платил, и ако веќе сакал можел да ја напише годината и дека е изграден со пари на кривопаланчани- вели тој – Срамота е да се потпишува градоначалникот како да е плоштадот негова донација, пишува Либертас