,,Плукнат Арафат,, – Заработува за живот како негов двојник


Носот му е малку накривен, брадата ретка и седа, усните напучени, очите му сјаат, а облечен е во зелена воена униформа и има бело-црна марама на глава и понекогаш усните му затреперуваат како на Арафат во последните години од неговиот живот.

Поминаа речиси 8 години од смртта на долгогодишниот палестински лидер Јасер Арафат, но за Палестинците тој и понатаму останува значајна личност која продолжува да привлекува внимание. Во моментот кога беше најавена ексхумацијата на неговите посмртни останки, шпекулациите дека бил отруен повторно оживејаа.

Меѓутоа и пред тоа, обичните Палестинци, кои веројатно не нашле некој кој би му бил достоен заменик, се обидувале да најдат личност која барем личи на него.
И навистина таков некој, како Арафат, постои во Рамала на Западниот брег, град во кој беше седиштето на Арафат и каде што беше погребан.

Се представува како Абу Амар, прекарот на Арафат и кога ќе го повикаат одговара со победнички поздрав и насмевка која потсетува на Арафат.

Се вика Салем Смеират и може да се сретне на главниот градски плоштад и пазар.

Има педесет и девет години и е татко на шест деца. Освен што продава зеленчук, од 2004-та година „има работа“ и по свадби и роденденски прослави, јавни свечености, па и официјални собири на партијата Фатах, на кои доаѓа како двојник на Арафат, и бесплатно позира пред камерите.

Пред тоа бил молер, работел во Израел. Носот му е малку накривен, брадата ретка и седа, усните напучени, очите му сјаат, а облечен е во зелена воена униформа и има бело-црна марама на глава.

Денот по смртта на Арафат, 11-ти ноември 2004, ја извадил кефијата- марамата која му ја дал неговиот татко и ја ставил на глава. Кога го здогледале неговите синови, сите свикале: „Абу Амар, Абу Амар“. До тогаш Смеират го забавувал семејството и пријателите, имитирајќи „Сите го сакаат Јасер Арафат“, а сега е двојник и разговара со странски новинари.

Станал толку славен што и без костимот луѓето во него го гледаат Абу Амар.
На Западниот брег Арафат стана херој борец за слобода против израелската окупациа, личност која ги соединувала Палестинците, велат од Би-Би-Си (ВВС). За ираелската страна беше терорист кој стана несигурен партнер во мировниот процес.

„ Не е тајна дека Израел се обиде да ме убие во многу прилики“ – вели двојникот на Арафат, кога се соживува со ликот на палестинскиот лидер. Се жали дека понекогаш потребни му се цели два часа да стигне до работа затоа што го опседнуваат папараци.
Меѓутоа, работата на Смеират не е баш стабилна. Добива од 50 долари еднаш или два пати годишно кога некаде ќе се појави.

 

Еднаш на повикот од страна на палестинскиот премиер добил 500 долари. Работи и во продавница за сувенири, каде што понекогаш се облекува како Арафат, за купувачите. Сонува за тоа да го глуми Арафат на филм или телевизиска серија и се надева дека некој ќе го открие.
Настојувајќи да го имитира гласот на Арафат, ги повторува неговите зборови: „Нашите деца ќе го подигнат палестинското знаме над Ерусалимското, а оние на кои тоа не им се допаѓа можат да пијат морска вода во Газа“.

Понекогаш дури и му затреперуваат усните како на Арафат во последните години од неговиот живот. Смеират никогаш не го запознал Арафат, но истакнува дека палестинскиот водач ги претворил палестинските бегалци во борци и го привлекол вниманието на светот кон Палестина.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас, наводно се држи подалеку од двојникот на Арафат, а ни на израелските војници не им е смешен.

Еднаш го притвориле, гледајќи го облечен како Арафат на пат кон некаква прослава. Откако победил на една аудиција за двојник на Арафат, Смеират истакнува дека никој не може да го глуми Арафат како него. Сепак признава дека постои мала разлика: „Лично не мислам дека бил грд. Но кога сретнувам луѓе кои го познавале, ми велат дека изгледам многу подобро“.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1