По 2 минутната средба со Заев и Димитров, Иванов им ја покажал вратата


Шефот на државата го земал Договорот и без да ги сослуша гостите си заминал….На претседателската фб страна стои дека Иванов ги примил Заев и Димитров, дека средбата траела две минути и дека во текот на денот ќе има обраќање. Министерот за надворешни работи Димитров во изјава за Дојче Веле вели дека одлуката на Иванов да ја прекине средбата на која требаше да биде информиран за содржината на договорот со Грција нема да го спречи изнаоѓањето на решение за спорот..

Во клучни времиња за државата, сите носиме историска одговорност, дадовме се од себе да создадеме можност граѓаните да добијат право на избор, без разлика на политичката цена, спремни сме да ја преземеме одговорноста. Никој нема право да го спречи тој избор, никој нема право да одлучува во името на граѓаните. Ќе не биде… и покрај Иванов,

И Владата со соопштение по утринскиот обид за средба во Вилата.

Премиерот Заев и министерот Димитров имаа конструктивен обид за презенатација и за дискусија на содржината од договорот, но претседателот Иванов го прекина и го напушти состанококот и одби да разговара за придобивките од овој историски договор за македонската иднина.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1