По 300 операции, му пукна срцето: Почина поп-иконата на 80-тите (ВИДЕО)


Пејачот на британската поп-група Дед ор алајв (Dead or Alive) Пит Бернс почина на 57 години од срцев удар. Во соопштението на неговиот менаџмент се наведува дека со голема тага ја објавуваат веста дека ненадејно починал.pejac

Бернс имаше голем хит во 1985 година и во 2006 г. се појави во британкиот „Голем брат“ за славни личности. Освен по хитот познат е и по тоа што има направено преку 300 пластични операции. Во почетокот изјавуваше дека започнал со операции за да ја отстрани лошата интервенција на лицето, но во еден момент сето тоа излегло од контрола.

Без разлика на се, без хитот на неговиот бенд и ден денес не може да се замисли ниту една подобра журка.
Транвеститот Пит Бернс во псоледните години во Англија беше учесник на речиси сите реални шоуа, а остана забележан по капутот од мајмунска кожа со кој се појави во „Големиот брат“, а полицијата му го заплени, зашто е забранет увоз на вакви производи во Велика Британија.

Во врска со смртта на Бернс, Бој Џорџ напиша дека неизмерно жали за смртта на „еден од нашите најголеми и вистински ексцентрици“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1