Кражба од банка во Битола: Од граѓански сеф одземени 40.000 долари


Од граѓански сеф во Комерцијална банка-филијала Битола непознат сторител во периодот од 26 мај 2016 година до 21 октомври 2016 година одзел вкупно 40.000 долари.sef

Кражбата на 21 октомври 2016 година во 17:15 часот во Битола, ја пријавил Д.Ц. (35), кој бил полномошник по овластување на корисникот на сефот М.Т. (53), кој живеел во Канада, соопшти денеска МВР.

Пријавителот откако по пропишаната процедура, му било дозволено да има пристап до сефот, забележал дека ги нема ковертите и за тоа го информирал директорот на банката.

Сторителот на непознат начин и без оштетување го отворил сефот и одзел два бели коверти во кои имало по 20.000 канадски долари, односно вкупно 40.000 долари, сите во апоени од по 100 долари.

Во консултација со Јавен обвинител увид бил извршен на 24.10.2016 година од страна на ОКТУПА од полициска станица Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1