По 40 години откриена трагична судбина – што се случило со две тинејџерки во 1971 (Видео)


Роднините и пријателите биле шокирани кога полицијата им јавила дека е решена мистеријата од 1971 година! Судбината на двете другарки, исчезнати пред 43 години била непозната сè до денес.

Средношколките Шерил Милер и Памела Џексон исчезнале на 29-ти мај 1971-та година.

devojki isceznatiДвете другарки од Јужна Дакота отишле  на забава по повод завршувањето на училишната година во 1971. Тогаш доживеале тешка сообраќајна несреќа и со автомобилот излетале од патот во реката. Меѓутоа, нивните безживотни тела лежале неподвижно сè до есента минатата година. Полицијата и членовите на семејството безуспешно го пребарувале подрачјето во 1971 година, меѓутоа реката ги криела телата. Таткото на исчезнатата Памела Џексон починал пет дена пред да биде пронајден автомобилот. Никогаш не дознал што се случило со неговата ќерка…

Големите горештини минатата есен ја пресушиле реката и на виделина испливал автомобилот кој ја открил тајната на исчезнувањето на младите девојки. Истражителите ги покажале фотографиите на добро зачуваната облека на девoјките, чантите, па дури и возачките дозволи. Со помош на личните работи, како и со ДНК примероците ги идентификувале девојките.

Утврдено е дека девојките доживела тешка сообраќајна несреќа, но не се утврдени елементи на кривично дело. Последни луѓе кои ги виделе пред исчезнувањето, се пријателите од забавата. Тие изјавиле дека девојките не пиеле алкохол.

Во еден момент, Дејвид Ликен, кој отслужува затворска казна поради друг случај, бил обвинет за убиството на девојките. Сомнежите биле отфрлени откако судијата потврдил дека изјавата била лажна.

Сопственикот на локалната фарма Дејвид Ликен бил под сомнение во 2004 година за исчезнувањето на младите девојки. На неговата фарма се пронајдени човечки коски, чанта, облека, фотографии и други работи. Сепак, истрагата покажала дека тој нема врска со исчезнувањето.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1