По два дена потрага Александра ја најдоа во Дунав – причината за смртта ја однесе со себе


Смртта на Александра Божиќ (20) од Нови Сад, која во саботата два часа по полноќ изврши самоубиство скокајќи од Мостот на слободата во Дунав, за нејзините родители и пријатели е целосна мистерија. Според зборовите на нејзината мајка Ивона Драгиќ, Александра немала ниту една единствена причина за да си наштети.

Неутешната мајка вели дека неможе да поверува дека нејзината Сандра ја нема.

-Не знам што и се случило. Никој не може да поверува дека е мртва. Таа не беше таква личност. Ништо не укажуваше на тоа дека таа би можела да крене рака на себе. Тешко мене, што ме снајде. Отиде мојата кукла, лелека Ивона.

Планирале летување

Таа вели дека ден пред трагедијата отишла со Александра во купување бидејќи планирале семејно да одат на море.

– Tој ден отидовме да уплатиме одмор, ќе одевме ние тројца. Таа, синот и јас. И уплативме за Египет. Потоа купувавме костими за капење и се вративме нормално дома. Александра се подготвуваше за во град и излезе со братот. И не знам што после се случило, вели мајката и додава:

-Можно е тогаш со некој да се слушнала. Таа имаше некоја љубов, но одамна раскина со тоа момче. Не верувам дека поради тоа се уби.

Таткото ја идентификуваше

Ивона истакнува дека немал никакви трауми дома.

– Ние сме нормално семејство. Таа е студент. Полагаше оваа година и приемен за друг факултет и го положи. Полагаше и за возачка и бараше автомобил за да купи, раскажува Ивона и продолжува:

-Секогаш беше насмеана. Го сакаше животот. Точно е дека сум разведена, но таа редовно се гледаше со таткото, со роднините. Не знам што и беше, зошто очигледно ништо не ја интересираше, ниту размислувала за нас.

Братот на Александра Лука раскажа дека телото на неговата сестра го идентификувал таткото и дека ја препозна по тетоважата.

– Се надевав дека ќе ја најдеме, дека е жива. Се ми се урна, вели Лука и раскажува што се случило кобната вечер:

-Сестра ми, јас и другарките отидовме во „Лазин салаш“. Во еден момент ми рече дека сака да оди дома. Ми рече дека со такси ќе оди дома и ништо не ми беше сомнително. Кој би помислил дека тоа ќе го направи. На ништо не се посомневав. Два дена секаде ја баравме, вели Лука, со очи полни солзи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1