По грешка ја оперирале од рак на дојка


Медицинската сестра Елизабет Довс поминала низ пекол откако во 2013 и бил дијагностициран рак на дојка во болницата во Волверхамптон во која самата работела.

На 39 годишната Елизабет и предложиле да ги отстрани двете гради, на што не се согласила. Легнала под нож да и го отстранат „канцерогениот тумор“ од десната дојка, а по 4 дена дознала дека е направена грешка – таа никогаш немала рак!koma bolnica pacient

По операцијата и било советувано да направи уште една операција за да се „санираат деформитетите“ направени со првата операција.

Но по 4 дена, Елизабет добила повик од болницата и и било соопштено дека дошло до забуна – нејзините резултати биле измешани со резултатите на две други пациентки. Елизабет никогаш немала рак!

– Да ви кажат дека имате агресивен канцер во триесеттите е ужасно. Јас веднаш почнав да се организирам – што ќе биде со моето дете, да ги средувам финансиите. Решив да направам се што треба да се борам со ракот и кога предложија операција не мислев два пати. Веднаш се согласив- вели Елизабет која по инцидентот, трауматизирана, ја напуштила работата во болницата.

Таа сега има видливи белези од непотребната операција и болки. Покренала правна битка со болницата во која до неодамна работела, за непотребната операција низ која поминала, траумите и стравот за својот живот.

Болницата и се извинила на Елизабет и уверува дека ни еден друг пациент не добил „несоодветна терапија како резултат на овој инцидент“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1