По лавот, ДПА за возврат бара двоглав орел на Камени мост


Пред советнците на Град Скопје се најде предлогот на врвот од бетонскиот столб на плоштадот ВМРО, да се постави декоративна фигура лав, донација од кавадаречката фирма „Урбан инвест“, која е ангажирана да го изгради плоштадот.

Лавот е во вредност од 50.000 евра и, како што велат од Град Скопје, е симбол на борбата за ослободување на Македонија. Како одговор на овој предлог, советничката група на ДПА, пак, предложи на Камени мост да се постави скулптура на двоглав орел, кој ќе го донира партијата, Пренесува Плус Инфо.

zname-albanija

Предлогот на ДПА не беше сфатен сериозно на седницата, туку како пародизирање на плоштадот пред седиштето на владејачката партија. На средината од овој плоштад ќе се изгради фонтана, а во средината на фонтаната столб со релјефни мотиви од историјата на ВМРО, а на врвот на овој тотем скулптурата на лав.

Автор на декоративната фигура е скулпторката Елена Дуковска, а уредувањето на овој плоштад го чини градскиот буџет 1,3 милиони евра.

Предлогот на ДПА сепак не беше прифатен од мнозинството советници, затоа што доби само шест гласа „за“, а „против“ гласаа 27 советници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1