Самохрана мајка во Штип живее без струја 1 година – и стигнале огромни сметки за струја


Љубица Игнатовиќ, самохрана мајка со 4 деца, цела година живее во мрак и студ. Агонијата на Игнатовиќ започнала откако ЕВН го заменила старото броило со ново. Во декември 2013-та година ЕВН испорачала сметка за потрошена електрична енергија месец ноември, истата година во износ од 25.000 денари.Screenshot_12

Љубица веднаш реагирала на астрономската сметка, но била одбиена. Следниот месец и пристигнала сметка од 3700 денари која Љубица веднаш ја подмирила, меѓутоа веќе во февруари ЕВН и ја исклучила струјата за неподмирен непостоечки долг.

Иако правдата ја барала на суд, нејзиниот предмет се уште не дошол на дневен ред.

Семејството на Љубица е само едно во низата незадоволни домаќинства од испорачаните сметки за електрична енергија со неразумен износ. Вели дека сите треба да се охрабрат и јавно да проговорат за овој голем проблем, како што впрочем тоа го стори и семејството Саневи од Ново Село, на кои им пристигна сметка на износ од над 90.000 денари, за потрошена електрична енергија месец март, минатата година, во трошна куќа со една соба и 8 светилки.

Видео на – ТВ Ирис

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1