Србија го скрши мразот – Побара легализација на канабис за медицински цели!


Доктор Милан Савич, кој е и директор на болницата ,,Света Сава” во Белград, денес го достави до министерството за здравство на Србија барањето за легализација на канабисот за медицински цели. Имено, докторот Савич е потпретседател на здружението ,,Лекализација Србија” во чие име и ја предложи измената на актелниот Закон за психоактивни и контролирани супстанции со кој би се дозволила употребата на канабисот во здравствениот систем на Србија.Marijuana-Bottle

Ова барање им ја дава надежта на над илјада српски граѓани дека во блиска иднина ќе имаат можност легално да се лекуваат со препарати кои им помагаат да преживеат и да ја победат својата здравствена состојба, а кои според важечкиот закон тие се нелегални.

Повеќето развиени земји од Европа, САД, Канада, според нивниот прилагоден и организиран здравствен систем, медицинската употреба на канабисот е потполно легализирана и е достапна во потполност на пациентите со дефинирани индикации.

По поднесеното барање се очекува започнување на постапката, јавна расправа, граѓанска дебата, како и вклучување на сите релевантни институции и поединци кои би придонеле да се донесе најдобро решение за пациентите и државата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1