По ова ФОТО со меч уби двајца во училиштето – Се сликале со убиецот, а незнаеле дека е за време на масакрот


Професор по српски јазик од шведскиот град Тролхатан, Александар Бошковиќ од ученичка ја добил фотографијата од маскираното вооружено лице кое утрово со меч уби професор и ученик, а повреди уште двајца други ученици во училиште Кронан. Напаѓачот им подлегнал на повредите здобиени за време на судирите со полицијата.Ubica-Svedska-foto-profimedia_1000x0-224x300

– Убиецот носел шлем и маска. Децата мислеле дека маскираниот убиец всушност облекол костим за претстојниот празник Ноќта на вештерките, па и тие сакале да се фотографираат со него се додека до него не му пришол учител и му рекол дека маските се забранети во училиштето.

Убиецот потоа му го зарил мечот во неговиот стомак. Полицијата ја блокира улицата што води кон училиштето, така што беше невозможно да се пријде до зградата.

Идентитетот на напаѓачот, (21), кој почина во болница, откако полицијата го застрела се уште не е познат. Полицијата посочува дека мотивот за убиството е можеби расизам, со оглед на тоа дека во училиштето одат деца на странци.

Шветскиот крал Карл Густав 16 изјавил дека Шведска е во шок после ова случување.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1