По птичји и свински нов грип од фоки- опасен за луѓето! (Видео)


Вирусот Х3Н8 уште од минатата година е поврзан со поморот на фоки во Нова Англија. Според новите сознанија, можно е вирусот да мутирал од вид на грип кој кружи меѓу птиците.

Откритието покажало дека пандемијата би можела да произлезе од неочекувани извори. Експертите првично биле збунети од мистериозната смрт на 162 фоки од симптоми на пневмонија, но обдукцијата извршена на пет морски цицачи покажала дека тие биле инфицирани со инфлуенца А од вирусот на грип со подтип Х3Н8, кој е тесно поврзан со вирусот кој кружи меѓу птиците од Северна Америка уште од 2002 година.

Еден од авторите на студијата, професор. Иан Липкин од Универзитетот Колумбија и познат епидемиолог и откривач на вирусот од западен Нил и САРС, рече дека овој патоген веќе одамна циркулира меѓу птиците, но до сега не е забележан толку голем помор.

“Кога подетално ги испитавме деталите откривме дека вирусот се преминал низ мутација која му овозможила да се поврзе со рецепторите за грип како кај птиците  така и кај цицачите”, изјавил тој.
Резултатите од тестот, презентирани во списанието на Американското друштво за микробиологија, откриле дека вирусот еволуирал така што предизвикува посериозни симптоми и дека ги напаѓа протеините кои се наоѓаат во дишните патишта на луѓето.

Професор Липкин стравувањата дека фоките може да дејствуваат како садови за мешање на вируси како што тоа претходно беа свињите ( видеоанимација).

” На фоките кои умреле уништено им било ткивото на белите дробови, а дополнителна загриженост е потенцијалниот пренос на вирусот од животно на човек поради тоа што веќе еднаш имал мутации кои се често, но не и исклучиво, се сметаат како предуслови за ширење на грипот” изјавил Липкин

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1