По цели 3 години пауза – Во вторник започнуваат преговорите за името со Грција


Амбасадорот на Македонија во САД Васко Наумовски и уште еден дипломат од македонското МНР ќе бидe тимот кој ќе седне на преговарачка маса со медијаторот Метју Нимиц. Двајца претставници ќе има и од грчката страна. Непосредна пред првата средба закажана за 12. декември, МНР ги демантира шпекулациите дека преговарачкиот тим на земјава се проширува со уште двајца професори.

„Владата на Република Македонија ќе ги информира медиумите, а со тоа и јавноста за понатамошните чекори за ова важно и чувствително прашање кое е од највисок државен интерес.“ – велат од МВР

Битно е што македонската дипломатија излегува од еден пасивен период кога беше речиси незаинтересирана за решавање на името, вели поранешниот амбасадор Нано Ружин. Според него, транспарентноста на Владата на Заев е многу важна и во даден момент ќе го олесни патот за барање помош преку јавното мислење во земјава.

„Важен елемент е што тоа се случува во Брисел каде што има Македонија голем број пријатели и каде ќе постои можност во директни преговори да се договорат македонската и грчката дипломатија. Тоа ќе биде еден процес, околу географска одредница на компромисот. Секако, идентитетските прашања, како што секаде сe истакнаа, па дури и Ципрас тоа го кажа, нема да бидат воопшто гибнати и мислам дека можеме да очекуваме во текот на 2018 – та година Македонија да направи еден голем исчекор на меѓународен план.“ – вели Нано Ружин – поранешен амбасадор

Преговорите на медијаторот Мејту Нимиц со двете страни се замрзнати од 2014 – та година. Нимиц во изјава за Независната Балканска новинска агенција – ИБНА вели дека има можност да се надминат „црвените линии“ и кај двете страни во спорот со името. Вчера, грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека ако Македонија се откаже од ставот дека се единствени потомци на Александар Македонски, тој ќе биде првиот што ќе овозможи Грција да ја гарантира перспективата на Македонија. Поддршка за надминување на спорот стигна и од бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој посочи дека сите заедно треба да и помогнат на Европската Комисија и на Брисел за да донесат правилни одлуки, а не да поставуваат ултиматуми.

МНР ги демантира наводите кои се појавија во дел од медиумите дека на преговорите за името утре и задутре во Брисел македонската страна ке настапи со тим во кој ке бидат вклучени правни експерти. Форматот истанува ист , посочуваат од министерството . Што значи дека на разговорите покрај Нимиц, ке присуствуваат преговарачите Наумовски и Василакис, со плус еден дипломат од двете страни.

Пред почетокот на најновгата рунда , Нимиц за Независната Балканска новинска агенција изрази надеж дека овојпат ке бидат надминати црвените линии поставени од Атина и Скопје.

Оптимист е и премиерот Заев.

– Или двете страни ќе бидат подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни. Таков е компромисот. Но, верувам дека како политичари, можеме да добиеме повеќе, ако имаме храброст да најдеме решение и да донесеме одлука, отколку да го одложуваме, како што беше случај во минатото,

Позитивни случувања во однос со името во текот на наредната година очекува и грчкиот премиер , но, како што вели, само ако Скопје одлучи да направи чекор напред.

Според грчките медиуми можно е Нимиц на средбата во Брисел да излезе и со нов предлог за името.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1