Побарал помош од полиција бидејќи бил приморан да се жени


Пракаш Прајапат (16) од Јодпур во западна Индија, бил приморан да се ожени со 13 годишно девојче од комшилукот. Тоа било брак што го договориле неговите родители, а ваквите договорени бракови се многу чести во Индија.

Паркаш дознал за својата веридба недела дена пред да се случи истата. Младиот пар никогаш претходно не се имал запознато мегу себе, а Паркаш го молел своето семејство да не го присилуваат на брак, но тие не сакале да отстапат од зацртаниот план.

Кога видел дека нема каде да оди и дека ќе мора да ја исполни желбата на своите родители, се обратил во организацијата „Sarathi trust“ која ги штити децата од родителите кои сакаат насилно да ги венчаваат со претходно договорени бракови. Тие повикале полиција која ја прекинала илегалната церемонија.

Откако полицијата пристигнала на местото на церемонијата, членови од семејството се обиделе да лажат, велејќи дека младоженецот е постар дечко, меѓутоа сепак биле уапсени и изведени пред суд уште истиот ден. Судот им забранил да се обидуваат да го венчаат овој млад пар во наредните пет години, меѓутоа родителите на младиот Паркаш продолжиле со церемонијата веднаш наредниот ден.

Паркаш по телефон испратил порака до Крити Барти која е на чело на организацијата „Sarathi Trust“ и тие повторно испратиле полиција која повторно ја попречила церемонијата.

– Станува збор за семејство кое знае да ја следи само традицијата, не е важно што тоа сега е нелегално. Се надевам дека Паркаш ќе ми испрати повторно порака доколку повторно се најде во ваква ситуација за да интервенираме веднаш! – рекла Барти.

Договорените бракови помеѓу деца, односно девојчиња помлади од 18 и момчиња помлади од 21 година, се забранети со закон уште од 2006 година, но во некои, главно рурални делови на Индија и понатаму се практилуваат.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1