Посечниот конзул на Литванија во Луганск, Микола Зеленец е киднапиран и сурово убиен во овој град, бастион на проруските сепаратисти во источна Украина, изјави на Твитер шефот на литванската дипломатија Линас Линкевичус.
– Со длабока тага бев информиран дека литванскиот почесен конзул во Луганск, Микола Зеленец бил киднапиран и жестоко убиен од терористите, се наведува во соопштението на министерот.
Тој е во посета на Киев и денеска разговараше со украинскиот претседател Петро Порошенко.