Почина 32 годишна мајка и нејзиното женско бебе во Гевгелија – анстезиологот бил пијан?


Ова била втората бременост на 32-годишната Маја Кадиева од Дојран. Место радост, синоќа околу 23:20 часот на одделението за хируршки болести животот го загубија таа и нејзиното новороденче.

32 годишната Маја и нејзиното женско бебе синоќа околу 22 часот и 50 минути починаа во болницата во Гевгелија. Засега се останува на шпекулации. Дел од непотврдените информации се и дека едно лице од тимот при породувањето со царски рез било во алкохолизирана состојбаbolnicA gevgelija

Синоќа околу 23:20 часот во гевгелиската болница животот го загубија Маја Кадиева и нејзиното новороденче. Со предпородилни болки околу 20:00 часот таа била примена и сместена на одделението за хирургија каде веднаш била почната процедурата за царски рез.По тричасовната битка со животот во салата за хируршки интервенции починале Маја и нејзиното новороденче. Од страна на директорот на болницата веднаш е повикана полиција и е известено јавното обвинителство .

Утринава околу 9 часот телата се предадени на обдукција во Судска медицина.

Големата трагедија која го потресе семејството Кадиеви отвори многу прашања на кои тие очекуваат одговори. Она што неофицијално дознавме е дека Маја немала никакви проблеми во текот на нејзината бременост. Нејзиниот сопруг низ солзи вели најтешко е како ќе и каже на 5 годишната ќеркичка дека мама ја нема.kadiev

Земени се изјави од сите лекари, а од двајцата гинеколози и анестезиолози е земена крв за утврдвање присуство на алкохол и недозволени супстанци. Министерството за здравство ги презема сите мерки за испитување на причините кои довеле до смртен исход на мајката и нејзиното дете во општата болница во Гевгелија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1