Почина албанскиот амбасадор во Македонија


По тешко боледување почина албанскиот амбасадор во Република Македонија, Петрит Бушати, кој на оваа должност стапи на 29 мај годинава. Потекнува од познатата фамилија Бушати, од која е и шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.

4BC2BEDBD56A414EA1511F33B818F1BC

Покрај дипломатското искуство во албанските претставништва во Белград (2002-2006), Стокхолм( 1988-1991) и Вашингтон (1997-2001), Петрит Бушати има и 11-годишна новинарска кариера. Тој беше добар познавач на состојбите во соседните земји.

Во понеделник ќе се одржи комеморативна седница и последна почит ќе му биде оддадена во Министертвото за надворешни работи во Тирана. Истиот ден ќе биде и погребот.

Utrinski

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1