Почина директорот на ,,Michelin“, Франсоа Мишлен


Директорот на светски познатата француска компанија за производство на автомобилски гуми „Michelin“, Франсоа Мишлен (Мишелин), која ја водеше речиси половина век, починал во 88 година од животот, објави во средата неговата компанија.

Завршувајќи ги студиите по математика, Франсоа Мишлен, на возраст од 25 години, во 1951 година, под лажно име се вработил во семејната компанија чие седиште е во Клермон-Феран и во неа во следните четири години ги минал сите фази на производство.miselin

Директор станал во 1955 година, и во текот на следните 47 години на чело на компанијата ја претвори во еден од трите водечки производители на автомобилски гуми во светот, покрај „Bridgestone“ и „Goodyear“. Се повлече во 2002 година, кога позицијата му ја предаде на синот Едуард, кој се удави четири години подоцна.

Актуелниот француски претседател Франсоа Оланд го нарече „еден од најголемите француски повоени индустријалци“.

Франсоа Мишлен за прв човек на компанија бил именуван од неговиот дедо Едуард, еден од соосновачите на „Michelin“. Од 2006 година со компанијата повеќе не управува семејството Мишлен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1