ВИДЕО: Разговор помеѓу Легија и Аркан за војната во Босна


Милорад Улемек Легија и Жељко Ражнатовиќ Аркан биле блиски пријатели и соработници. Во разговорот кој беше објавен на 20-ти мај 1992 година се слуша како разговараат за воената ситуација во Босна, пренесува српски „Курир“.

legija_arkan-620x396

Не се знае за што точно говорат, но од снимката може да се заклучи дека Легија бара хеликоптер за да се врати во Белград со неговата војска, додека Аркан на тоа одговара дека сеуште неможат да пронајдат некој што би отишол по нив во Босна.

Во разговорот Легија ги споменува Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, се жали на ситуацијата во Босна и вели дека таму „воглавно се само воени профитери“.

На крајот на разговорот Легија му вели на Аркан дека ќе се обиде да најде хеликоптер во Босна со што се завршува разговорот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1