Почина еден од анестезиолозите од Гевгелија, осомничен за смрт на родилка и бебе


Почина еден од двајцата анестезилози кои беа осомничени за смртта на родилка од Гевгелија и нејзиното неродено бебе. Родилката и бебето починаа при породувањето во гевгелиската болница, пренесува Telma.mkbolnicA gevgelija

Анестезиолот осомничен за смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе починал. Тоа значи дека постапката за него се запира а ќе продолжи за вториот анестезиолот за кој исто така се испитува одговорноста. Лекарот најверојатно починал од мозочен удар.

По добивањето на информацијата дека во тек на закажан оперативен зафат за породување дошло до смрт на родилка и на новороденчето, Основното јавно обвинителство Велес започна предистражна постапка.

Надлежен јавен обвинител со цел утврдување на причините за смртта, до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје, достави Наредба за судско-медицински преглед и обдукција на телата на починатите. Во исто време донесена е и Наредба за анализа на крв на лицата кои го сочинувале тимот што го вршел зафатот, поради добиеното сознание дека двајцата лекари анестезиолози биле во алкохолизирана состојба.

Добиени се извештаите од судско-медицински преглед и обдукцијата. Во тек се дополнителни анализи и испитувања што треба да ги утврдат причините што довеле до смртта.

Анализата на примероците на крв извршена од страна на Министерството за внатрешни работи покажа 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на лекарите анестезиолози. Кај лекарите гинеколози не е констатирано присуство на алкохол во крвта.

Полицијата го потврдува настанот, но велат дека немаат повеќе информации бидејќи не станува збор за насилна смрт. Денеска се одржал и погребот на лекарот.

По инцидентот двајцата анестезиолози останаа без лиценци за работа како, а беа отпуштени и од работа. Анализите на крвта покажаа дека кога го правеле царскиот рез на родилката биле во алкохолизирана состојба.

Telma.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1