Селин Дион во само два дена ги загуби сопругот Рене Анжелил и братот Даниел Дион, а и двајца починаа од канцер, објави во саботата вечерта портпаролот на семејството.
Откако во четвртокот во Лос Анџелес почина Рене Анжелил на 73 години, во саботата Селин Дион објави дека починал и еден од нејзините браќа, 59-годишниот Даниел Дион, по долга борба со ракот.
Претходно во саботата во канадските медиуми Клодет Дион, една од 13-те сестри и браќа на пејачката, изјави дека „прашање на денови или можеби и часови“ е кога Даниел ќе ги напушти.
Братот на Селин Дион починал од рак на грлото, како и нејзиниот сопруг кој со години боледуваше, пренесува AFP.