Почина и братот на Селин Дион – Таа неутешна


Селин Дион во само два дена ги загуби сопругот Рене Анжелил и братот Даниел Дион, а и двајца починаа од канцер, објави во саботата вечерта портпаролот на семејството.selin-dion-i-bratot

Откако во четвртокот во Лос Анџелес почина Рене Анжелил на 73 години, во саботата Селин Дион објави дека починал и еден од нејзините браќа, 59-годишниот Даниел Дион, по долга борба со ракот.

Претходно во саботата во канадските медиуми Клодет Дион, една од 13-те сестри и браќа на пејачката, изјави дека „прашање на денови или можеби и часови“ е кога Даниел ќе ги напушти.

Братот на Селин Дион починал од рак на грлото, како и нејзиниот сопруг кој со години боледуваше, пренесува AFP.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1