Почина и најстариот човек на светот – 116 години


Dziromon Kimura te 2

Јапонецот Џиромон Кимура, кој е запишан во Гинисовата книга на рекорди како најстар човек на светот, почина на 116. години.

Тој беше последната личност на планетата за кој со сигурност можело да се потврди дека е роден пред 1900. година.

Кимура се родил 1897. и имал 6 години кога браќата Рајт прв пат полетале со авион, на 64 го прател првиот лет на Јуриј Гагарин во вселената, а со 93 го доживеа воведувањето на Интернетот. А минатата година почнал да учи англиски.

Да поживееше до 28 декември ќе го срушеше рекордот на маж кој најдолго живеел, но се уште тој рекорд го држи Кристијан Мортенсена кој живеел 115 години и 252 дена.

Џиромон Кимура имал 7 деца, од кои  две починале пред него. Има 15 внуци, 25 правнуци и 13 чукунвнуци.

Dziromon Kimura te 1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1