Се насука танкер полн нафта на Дунав – прети еколошка катастрофа


Бродот „Сисциа“ кој плови под хрватско знаме, се насукал во Дунав кај Сремски Карловци.

dunav nasukan tankerБродот се насукал на 1242 километар на Дунав, а според информациите, во бродот има 750 тони непреработена нафта која доколку се излее, поради евентуални оштетување на трупот на бродот, ќе предизвика еколошка катастрофа на Дунав.

Во моментов се бара сигурен брод кој ќе го извлече Сисција назад во реката без да го оштети трупот. Истиот танкер веќе имал слични инциденти. Два досега. Минатата година прво се насукал во близина на Шабац, а само неколку месеци подоцна се заглавил и на Сава, кај Славонски Брод.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1