Почина шеесет и пет годишниот велешанец кој пред десет дена беше пронајден во бесознание и облеан во крв на земјениот пат од левата страна на реката Вардар на јужниот излез од градот, објави локалниот портал Дума.

Foto – Facebook
Тој починал во Ургентниот центар во Скопје каде бил пренесен со неколку убодни рани во стомакот и повреди на главата и телото.
Во бесознание шеесет и шетгодишниот маж го пронашол негов роднина во вечерните часови на еден километар по завршувањето на улицата Коле Цветков во Велес.
Полицијата се уште презема мерки за расветлување на случајот