Мажот, што доживеа мозочна смрт по тестирање на лек во Франција, почина денеска во болницата во која беше префрлен по несреќата во близина на Рен.
Петмината останати пациенти, кои доброволно се пријавиле на тестирање на лек се во стабилна состојба, соопшти болницата во градот Рен.
Француските медиуми објавија дкеа станува збор за лек за намалување на болките на база на канабис, но француското Министерство за здравство ги отфрли ваквите информации.